Дома Трансфер зона Реал купува тинејџер за 45 милиони евра!

Реал купува тинејџер за 45 милиони евра!

Реал ја освои титулата во Шпанија, прва после пет години, го очекува финале во Лигата на Шампионите, а управата на клубот веќе ја планира иднината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот клуб“ на официјалниот сајт ја објави информацијата дека постигнале договор со Фламенго за трансфер на Винисијус Жуниор, тинејџер кој одигра само два натпревари за сениорскиот тим на Фламенго.

Винсијус Жуниор има само 16 години, а за него Реал Мадрид плати дури 45 милиони евра.

Жуниор импресионираше со својата игра во младите репрезентативни категории, и со седум голови беше најдобар стрелец на Светското првенство за играчи до 17 години, а досега за оваа селекција на Бразил постигна импресивни 19 гола на 22 натпревари.

Во новиот клуб ќе се приклучи дури откако ќе наполни 18 години, а Реал планира да го остави во Фламенго се до јули 2019 година.
Фламенго ќе добие 30 милиони евра авансно, а остатокот од сумата кога трансферот ќе се реализира.

Погледнете ги мајсториите за кои што Реал е спремен да издвои 45 милиони евра:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бразил и Мароко се пласираа во нокаут-фазата на Светското првенство

Во последните натпревари од групата Ц на Светското првенство, Бразил убедливо ја совлада Ш…