Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативец, Енцо Фернандез, пренесуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Одличниот играч од средниот ред не ги започна последните два натпревари во Премиер лигата против Ливерпул и против Њукасл и тренерот Мареска не му дава голема минутажа.
Аргентинецот не е задоволен од својот статус, а таквата ситуација сака да ја искористи Реал кој во него гледа наследник на Модриќ.
„Кралевите“ се спремни на лето да го продадат Чуамени, па ќе му понудат трампа на Челзи, кој е заинтересиран за Французинот.