Дома Топ вести Реал за вечерва ја спрема најспектакуларната презентација на еден играч!

Реал за вечерва ја спрема најспектакуларната презентација на еден играч!

0

Десет лета откако спектакуларно го претстави Кристиано Роналдо пред 70.000 навивачи на „Бенабеу“ денес таа спектакуларна презентација би можела да биде надмината.

Азар е поскап од Роналдо, Реал за Португалецот плати 96, а за Белгиецот сега 100 милиони евра и таа сума преку бонуси може да достигне и 115 милиони евра.

Со цел Азар да го испрати Роналдо во историајта кога во прашање е претставувањето пред навивачите, односно неговата презентација да биде поголема од онаа на Роналдо Реал презентацијата која прво требаше да биде во 21:00 часот ја презакажа за 19:00 часот.

Реал сака да направи презентација достојна на најголемиот Галактикос од четири причини – тој е најскап играч во историјата на Реал; Зидан отворено го сака веќе неколку години; Зад Реал е една од најлошите сезони во историјата па на навивачите требда да им се понуди надеж спекакл, гламур и ѕвезда – а така доаѓаме до четвртата причина.

Веќе пет години Реал не купил некоја супер ѕвезда која ја сакаат повеќе европски гиганти. Последен таков играч беше Џејмс Родригез во 2014 година кога го пречекаа 45.000 фанови.

Летото 2009 година Реал навивачите ги размази со презентација на дури три супер ѕвезди. Роналдо го поздравија 70.000, Кака 50, а Бензема 30.000 навивачи. Така беше и четири години подоцна кога Реал го купи Герет Бејл.

Ќе потсетиме, до тогаш на Реал доведувањето на голема ѕвезда беше како обичен работен ден. Од 2000 до 2004 година во текот на првата ера на Галактикосите пречекувани беа Фиго, Зидан, Бразилецот Роналдо, Бекам, Овен…Сега на навивачите очајнички им треба надеж, спектакл и гламур.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сари има сериозен проблем: Ако сака да се излечи мора да ги остави цигарите

Долгогодишната лоша навика Маурицио Сари го доведе до голем проблем. Сари не патуваше со т…