Дома Топ вести Реал започна преговори со Лукаку

Реал започна преговори со Лукаку

Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се на врвот на листата желби на „кралевите“, но конкуренцијата за нив е огромна и трансферната сума исклучително висока.

Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се насочи кон Ромелу Лукаку.

Белгиецот одигра фантастично во дресот на Интер и во Мадрид веруваат дека би можел да биде идеален наследник на Карим Бензема.

„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Реал ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.

После заминувањето на Конте и самиот Лукаку сериозно размислува да го напушти Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…