Дома Фудбал Реал доби извинување од судиската организација: ВАР направи грешка 🎥

Реал доби извинување од судиската организација: ВАР направи грешка 🎥

Реал Мадрид го победи Елче со 3:0, но ВАР им поништи на „кралевите“ уште три гола, еден на Карим Бензема и два на Давид Алаба.

Токму голот на Алаба е предмет на коментари во Шпанија, бидејќи на повеќето аналитичари не им беше јасно како можеше да биде поништен.

На оваа тема се огласија од Фудбалскиот сојуз на Шпанија, поточно Судискиот комитет и Судиската организација. Тие му се извинија на Реал Мадрид.

„Му се извинуваме на Реал Мадрид и на сите љубители на фудбалот. На ВАР-системот понекогаш му е навистина тешко да процени одредени ситуации. По долго разгледување и анализа, голот на Аалаба беше поништен по грешка”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја олесни казната за Аргентина за инцидентите на финалето на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука која претставува значително олесну…