Дома Топ вести Реал во потрага по дефанзивец, ѕвездата на Ливерпул е прва желба

Реал во потрага по дефанзивец, ѕвездата на Ливерпул е прва желба

Шпанскиот гигант Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, пренесуваат медиумите на Островот.

Анчелоти сака да ја засили одбраната, па прва мета на „кралевите“ е токму Гомез од Ливерпул.

24-годишниот Англичанец има проблем со повредите оваа сезона, па запиша само четири настапи за Ливерпул, но веќе се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.

Гомез е прва желба, но не е единствена опца за Реал, кој внимателно ја следи ситуацијата и со Рудигер од Челзи, Кунде од Севиља и Пау Торес од Виљареал.

Ливерпул сигурно нема лесно да се откаже од дефанзивецот, но е спремен да го пушти доколку пристигне примамлива понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…