Дома Фудбал Лига на шампиони Реал беше блиску, но не се врати: Шахтјор си оди со три бода од Мадрид!

Реал беше блиску, но не се врати: Шахтјор си оди со три бода од Мадрид!

Реал Мадрид вечерва го одигра својот прв натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Во Мадрид гостуваше украински Шахтјор. Реал разбирливо беше фаворит, но на теренот фаворитите не победуваат секогаш, а тоа ни го докажа Шахтјор.

Тете после 29 минути го доведе Шахтјор во водство, само три минути подоцна Варан си постигна автогол за 0:2. Шахтјор не запре тука, Соломон во финишот од првиот дел постигнува гол за веќе високи 0:3.

После девет минути игра во второто полувреме Лука Модриќ постигна еден фантастичен гол кој сигурно им даде мотивација на „кралевите“. Веќе пет минути подоцна Винисиус Жуниор постигна втор гол за 2:3. Треба да се спомене дека Винисиус голот го постигна само 15 секунди по влегувањето во игра на местото на Лука Јовиќ.

Во 92. минута Валверде ја погоди мрежата на Шахтјор меѓутоа тој гол по реакција на ВАР беше поништен. По шутот на Валверде во недозволена позиција се најде стрелецот на вториот гол за Реал Винисиус.

Вториот натпревар кој се играше во ист термин помеѓу Салзбург и Локомотив Москва заврши со реми 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хименез со прва порака: Се надевам дека ќе се вратам брзо

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, на мечот против Арснеал се здоби со фрактура на …