Дома Трансфер зона Рајола ја навести следната дестинација на Балотели

Рајола ја навести следната дестинација на Балотели

Марио Балотели, без сомнение, поседува огромен фудбалски талент, но неговиот мизерен дух, засега, го спречи да направи голема кариера. Сепак, неговиот менаџер Мино Рајола го најави неговото враќање на големата сцена.

Одамна нема информации за иднината на Балотели. Се чини дека Италијанецот конечно се смири и одлучи да се посвети на фудбалот. Заминување во Ница е она што му е беше потребно и го потсети фудбалскиот свет за тоа каков вид напаѓач е, но веројатно е дека тој ќе бара нова дестинација по крајот на сезоната.

Марио ќе биде слободен играч во текот на летото и секако голем “улов“ за тимови кои сакаат да донесат врвен напаѓач во нивните редови без да потрошат огромна сума пари.

“Марио е подготвен да се врати, тој созреа во еден од првите десет напаѓачи во светот”, изјави менаџерот на Балотели, Мино Рајола, за Мирор.

“Во Италија, тој е сè уште број еден и вреди 100 милиони евра, а летото ќе биде слободен играч”, рече Рајола, откривајќи ја потенцијалната дестинација на неговиот клиент:

“Во преговори сум со повеќе клубови од Англија и Италија, разговарав со Јувентус, Рома, Наполи и Интер”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Меси херој на ПСЖ, Интер го најде лекот за Шериф 🎥

Вечерва се играа натпревари од третото коло во Лигата на шампионите. Интер го најде лекот …