Маркус Рашфорд доби големи критики на социјалните мрежи откако го промаши пеналот против Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед влезе во последните минути од натпреварот за да биде помеѓу изведувачите, но не се прослави, покрај него промашија уште Санчо и Сака.
После критиките Рашфорд се огласи на социјалните мрежи и ја прифати вината, меѓутоа не ги оправда нападите кон него кои се поврзани со неговата боја на кожата.
„Знам дека ве изневерив. Кога тргнав да шутирам имав помала самодоверба и се обидува да добијам на време со долгиот залет, но не испадна како што посакував. Си размислував за тоа, пеналите ги спремам дури и во сон, зошто сега не погодив? Се што можам да направам е да се извинам, би сакал да беше поинаку. Ги поздравувам соиграчите и благодарен сум им на поддршката“.
„Критика секогаш прифаќам, пеналот беше лош, требаше да биде прецизен. Но, нема да се извинувам за тоа што сум и од каде потекнувам. Никогаш не сум се чувствувал полошо од кога го носам дресот на Англија. Јас сум Маркус Рашфорд, имам 23 години и сум од Витингтон и Витеншо, јужен Манчестер. Немам што да кажам повеќе. Ќе се вратам посилен, ќе се вратиме посилни“, стои во соопштението од Рашфорд.
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) July 12, 2021