Дома Фудбал Англија Рашфорд: Лага е дека го изнудувам Манчестер Јунајтед

Рашфорд: Лага е дека го изнудувам Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ги дематираше шпекулациите дека го изнудува Манчестер Јунајтед за да остане на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите објавија дека Рашфорд ја одбил првата понуда од „црвените ѓаволи“ и дека бара неделна плата од 500.000 фунти за да го продолжи договорот.

„Пред да почнете со ови работи, тоа се глупости. Клубот и јас се почитуваме на највисоко ниво и така ќе остане. Се фокусирам да ја завршиме сезоната најдобро што можеме и да освојуваме трофеи“, напиша Рашфорд.

Рашфорд оваа сезона одигра 44 натпревари на кои постигна 27 гола, а менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг го гледа напаѓачот како клучен играч во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зошто швајцарскиот селектор одеднаш ја смени маицата на почетокот на натпреварот?

Швајцарија со победата против Канада од 2:1 го обезбеди првото место во групата и пласмано…