Дома Останати Тенис Рафаел Надал се огласи по елиминацијата од Олимписките игри: Имаше порака и за Алкараз

Рафаел Надал се огласи по елиминацијата од Олимписките игри: Имаше порака и за Алкараз

Рафаел Надал се прости од Олимписките игри во Париз откако беше поразен од американското дуо Остин Крајичек и Раџив Рам во двојки со Карлос Алкараз со 2:0. Пред тоа беше елиминиран во сингл од Новак Ѓоковиќ со идентичен резултат – 2:0.

По елиминацијата од Олимписките игри, Рафаел Надал се огласи на Инстаграм, а посебни зборови имаше и за Карлос Алкараз.

„Ти благодарам Карлос. Оди по златото! Навиваме за тебе“, напиша Надал.

Карлос Алкараз имаше убави зборови за Рафаел.

“Ти благодарам Рафа за оваа недела и што го сподели теренот со мене играјќи за Шпанија. Не можевме да победиме денес, но носам многу работи за иднината! Беше посебно”, напиша Алкараз на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Донесена пресуда за Кирјос: Колку време ќе паузира Австралиецот поради позитивен тест на кокаин?

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја прифати едномесечната суспензија што му ја изрече Меѓу…