Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос: Таков е фудбалот, ти посакувам брзо опоравување

Рамос: Таков е фудбалот, ти посакувам брзо опоравување

Покрај големите грешки на голманот на Ливерпул, моментот кој го одлучи финалето во Киев е и повредата на Мохамед Салах после еден дуел со Серхио Рамос во првиот дел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Повторно капитенот на Реал, како и безброј пати во минатото, ќе биде мета на критики и осуди, меѓутоа после натпреварот Рамос во емотивна порака му посака брзо опоравување на Салах и потсети колку фудбалот може да биде суров.

„Фудбалот некогаш ќе ви го покаже најубавото лице, а некогаш и она најгрдото. Брзо опоравување, Салах. Иднината е пред тебе. На крајот од се, сите ние сме професионалци.“ – напиша Рамос на Тветер.

Да потсетиме, Салах ја напушти играта во 30. минута поради повреда на рамото, а некои од прогнозите се дека може да го пропушти и Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инсајдер открива колку ќе заработува Модриќ ако остане во Милан

Лука Модриќ (40) во летото 2025 година го напушти Реал Мадрид откако му истече договорот и…