Дома Фудбал Рамос после елимацијата: Промени не ни се потребни!

Рамос после елимацијата: Промени не ни се потребни!

Реал Мадрид вчера доживеа вистински шок, „кралевите“ во рамките на шпанскиот куп беа исфрлени од тимот на Леганес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа сезона резултатите на актуелниот шампион на Европа се под сите нивоа. Во првенството практично веќе ги загубија шансите, а после елиминацијата и од купот медиумите повторно го актуелизираа прашањето за отказ на Зидан.

Сепак, капитенот на овој тим, Серхио Рамос не сака промени.

„Не би сакал промени во клубот. Сигурно дека елиминацијата во оваа фаза е неуспех за нас и постојат многу прашања на кои мораме да одговориме, но играчите се тие што први ќе застанат покрај Зидан. Поминуваме низ тежок период, но мораме да останеме заедно“, изјави Рамос.

Реал Мадрид во првенството заостанува 19 бодови, па после елиминацијата од купот фокусот ќе биде ставен на одбрана на титулата во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нико Вилијамс ги спакувал куферите: Кариерата ја продолжува во Англија

Нико Вилијамс најверојатно го напушта Атлетик Билбао и кариерата ја продолжува во Англија.…