Дома Фудбал Рамос: Ништо не ми одеше по трансферот во ПСЖ

Рамос: Ништо не ми одеше по трансферот во ПСЖ

Серхио Рамос имаше интервју за страницата на УЕФА пред вечерашниот натпревар на неговиот ПСЖ против Баерн Минхен.

Рамос зборуваше и за неговата одлука да го напушти Реал и да се пресели во Париз.

„Заминувањето од Реал за мене беше голема промена. Мојата цел секогаш беше да победувам. Многу освоив со Реал и мислев дека трансферот во ПСЖ е добра прилика за промена. На почетокот се беше тешко. Мораш да пронајдеш нов дома, да сместич четири деца…Почетокот беше тежок, но испадна добро“.

„По трансферот ништо не ми е одеше…Се повредив, тешко одеше опоравувањето. Почнав да се сомневам дали ја направив вистинската работа. Меѓутоа во текот на целата кариера, напорно работев и се борев“, изјави шпанскиот дефанзивец.

Рамос со Реал освои четири титули во Лигата на шампионите.

„Ќе видиме дали ќе успеам во тоа со ПСЖ. Одличен тим сме, но не победуваат секогаш најдобрите. ПСЖ е гладен за освојување на Лигата на шампионите и ќе дадам се од себе за повторно да го освоиме ова натпреварување“, додаде Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…