Дома Фудбал Рамос за историја – Најгрубите фудбалери во Примера можат „вода да му носат“!

Рамос за историја – Најгрубите фудбалери во Примера можат „вода да му носат“!

Реал Мадрид во вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао пропушти прилика да и се доближи на Барселона, а токму во овој натпревар Серхио Рамос го запиша своето име во историјата.

„Кралевите“ повторно не постигнаа гол и јасно е што е најголемиот проблем на шпанскиот и европскиот шампион. Мрежата на многу веројатно нивниот иден голман, Кеп не беше затресена.

Притисокот на Зидан расте, но тој не правеше никакви замени се до финишот. Медиумите му замеруваат што не се одлучил нешто да менува, додека Французинот смета на неговиот тим му недостасува среќа.

Како и да е во овој натпревар своето име во историјата го запиша Серхио Рамос кој заработи ново исклучување и со 19 црвени картони е фудбалерот кој бил најчесто исклучуван во историјата на Примера.

За 19 црвени картони на Рамос му беа потребни 416 натпревари и остана осамен на врвот пред Агуадо и Пабло Афар кои имаат по 18 исклучувања во најсилната шпанска лига.

Агуадо за 12 сезони во Срагоса одигра 383 натпревари и заработи 18 црвени картони, додека на Алфаро му беа потребни 418 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…