Машката ракометна репрезентација според „HandballRanking“ се најде на 24. место во светот што е три позиции повисоко место од нашиот пласман на Светското првенство.




На ранг листата Македонија има 1436.5 бодови и тоа 6.5 бода помалку од она што го имавме пред почетокот на Светското првенство. Зад Македонија се наоѓаат неколку селекции кои остварија подобар пласман неодамна завршеното Светско првенство.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Репрезентацијата на Чиле која на СП заврши едно место пред нас на оваа листа е 26-та. Зад нас се уште селекциите на Иран (31), САД (38), Зеленортска Репбулика (39), Црна Гора (29)…Ова се репрезентации кои беа подобри пласирани од нас.




Треба да се знаеа дека станува збор за неофицијална ранг листа затоа што ЕХФ и ИХФ не прават ранг листи. На врвот на листата е Данска, а потоа во топ се уште Шпанија, Франција, Норвешка и Шведска.




Целата листа на „HanballRanking“ – ТУКА.