Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарките минимално поразени во Словенија

Ракометарките минимално поразени во Словенија

Македонската женска ракометна репрезентација во третиот натпревар од ЕХФ Купот беше поразена на гостувањето против Словенија (29:28).

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаа шанса на овој меч да останат непоразени, но Гичевска не реализираше пенал на 15 секунди до крајот на мечот.

Почетната фаза им припадна на домаќинките кои поведоа со 5:1, но македонските репрезентативки полека ја намалуваа предноста на противникот и на одмор заминаа со негатива од еден гол и водство на Словенија од 15:14.

Во второто полувреме Македонија на три пати успеа да дојде во водство, но во завршницата Словенија успеа да ја врати минималната предност и на крајот на победи.

Симона Стојковска со осум гола беше најефикасна во македонскиот табор, еден помалку постигна Гичевска, Сара Ристовска реализираше шест погодоци, додека Мицевска беше одлична на голот со десет успешни интервенции.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Металург ја продолжува карате-традицијата со 43. меморијал за Грдановски

Меморијалот „Никола Грдановски – Нике“ в сабота ќе го има своето 43. издание во Автокоманд…