Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарите вечер на квалификациско гостување во Исланд

Ракометарите вечер на квалификациско гостување во Исланд

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 21 часот и 45 минути во Рејкјавик против Исланд ќе го одигра натпреварот со кој ќе биде заокружено 4.коло во четвртата квалификациска група за Европското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На натпреварот одигран во четвртокот во Скопје избраниците на селекторот Раул Гонзалес славеа победа со 30:25 и на реваншот во Исланд ќе се обидат да ја повторат играта од „Борис Трајковски“ и да освојат барем бод кој би бил од голема важност во конечниот редослед на табелата.

На првиот дуел од 4.коло вчера Чешка ја совлада Украина со 32:25 и с епроби на првото место.

Табела: Чешка 4 бода (4 натпревари), Македонија 4 (3), Украина 4 (4) и Исланд 2 (3).

Пласман на ЕП 2018 во Хрватска ќе обезбедат првите две репрезентации на крајот од квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …