Дома Топ вести Раководството на Барселона со ултиматум до играчите

Раководството на Барселона со ултиматум до играчите

Раководството на Барселона официјално ги објави преговорите со дел од играчите за намалување на платата поради финансиската ситуација во клубот.

Барселона поради пандемијата бележи огромни загуби, а има и долгови кои треба да ги финансира, па бара од фудбалерите да прифатат намалување на платите.

„По неколкудневни напнати состаноци, страните ги завршија преговорите и ги прекинаа консултациите без да постигнат договор. Страните се согласија дека ќе се даде рок до 23 ноември за разгледување и одлучување дали предложените опции се уште можат да бидат усвоени“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

Забележано е дека поради загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Барселона треба да продолжи со намалување на платите на фудбалерите во вкупен износ од 191 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Инфантино го вади џокерот од ракав – ФИФА дели на сојузите 5.000.000.000 евра!

Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалот (ФИФА) Џани Инфантино е подготвен да…