Дома Фудбал Раководството на Барса не е задоволно од однесувањето на Куман

Раководството на Барса не е задоволно од однесувањето на Куман

Раководството на Барселона не е задоволно од однесувањето на тренерот Роналд Куман после поразот во Ел Класико, пренесува „Кадена Сер“.

После скоро секој пораз на Каталонците Куман бара изговор и го обвинува ВАР системот и судиите. Директорите сметаат дека таквото однесување се одразува негативно на имиџот на клубот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Куман ги обвини судиите и ВАР системот во шест од седумте порази на Барселона во Примера. Според раководството еден тренер не треба да се однесува како навивач и треба да даде детална анализа после натпревар.

Барселона не е задоволна и наскоро ќе има состанок со тренерот, кој треба да ги анализира и своите грешки при лошите резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…