Раководството на Баерн Минхен го контактирале тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел, пренесува „Скај Германија“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После отказот на Нико Ковач Баварците се во потрага по нов тренер, па се распрашувале дали Тухел би бил во можност веднаш да се пресели во Минхен или следното лето.
Пари Сент Жермен не сака да го пушти тренерот и порачал дека Тухел сигурно ќе остане во крајот на сезоната, а после тоа неговата иднина во Париз ќе зависи од резултатите.
Германскиот стратег во 2018 година седна на кормилото на ПСЖ и има договор со „светците“ до 2021 година.