Дома Фудбал Ракитиќ: Меси е малку срамежлив

Ракитиќ: Меси е малку срамежлив

0
rakitic messi

Иван Ракитиќ во Барселона пристигна во 2014 година и му помогна на овој клуб да освои две првенства, три шпански купа и една Лига на шампиони.

Играчот на Барселона и хрватската репрезентација Иван Ракитиќ изјави дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот и објасни зошто токму тој е посебен од останатите.

Лионел Меси според мислењето на многумина е еден од најдобрите во историјата, а до сега во кариерата освои бројни индивидуални признанија помеѓу кои се и пет Златни топки.

„Нашата игра многу зависи од него, тој е нашиот мотор. Не мора да зборува за да го разбереме, туку доволен е само еден мал поглед. Најдобар е во историјата и има способност да реши натпревар во само една секунда. Меѓутоа малку е срамежлив бидејќи е свесен дека сите гледаат во него“, изјави Ракитиќ.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влегуваме во фото финиш: Кој ќе биде најдобриот стрелец во 2018 година?

Tри кандидати се големи фаворити, четвртиот напаѓа од сенка. Кој ќе биде најдобар стрелец …