Според информациите на италијанските медиуми се уште нема договор помеѓу Џанлуиџи Донарума и Милан за продолжување на соработката.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Договорот на Донарума со Милан истекува на крајот на сезоната и двете страни веќе подолго време се во преговори.
„Росонерите“ на младиот голман му нудат петгодишен договор и плата од 7,5 милиони евра по сезона, со што ќе биде најпалтен фудбалер во тимот.
Агентот на Донарума, контроверзниот Мино Раиола се уште не ја прифаќа понудата бидејќи сака продолжување на договорот само на две години, нешто што не е прифатливо за Милан. За долгорочен договор Раиола бара плата од 9 милиони евра за својот агент.
Се очекува двете страни да најдат заеднички јазик до крајот на сезоната, бидејќи самиот Донарума сака да остане на „Сан Сиро“ и не размислува за заминување.