Дома Останати Кошарка НБА Пoзнати петорките за Ол-Стар натпреварот: Западот има застрашувачки тим!

Пoзнати петорките за Ол-Стар натпреварот: Западот има застрашувачки тим!

Во Чикаго на 16. февруари ќе се одржи Ол-Стар натпреварот, а капитени на Западот и Истокот се Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.

Леброн и Јанис како и минатата година добија најмногу гласови. За „кралот“ ова ќе биде 16. учество на Ол-Стар натпреварот и со тоа се изедначи со Кевин Гарнет и Тим Данкан.

Покрај Џејмс во петорката на Западната конференција се уште Лука Дончиќ од Далас, Џејмс Харден од Хјустон, Каваи Ленард од ЛА Клиперси и Ентони Дејвис од Лејкерси.

Петорката на истокот: Трае Јанг (Атланта), Кемба Вокер (Бостон), Антетокумпо (Милвоки), Паскал Сиакам (Торонто) и Џоел Ембид (Филаделфија).

За Дончиќ, Јанг и Сиакам ова ќе биде дебитантски Ол-Стар натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Канте се сели на „Олд Трафорд“

Англиските медиуми тврдат дека на Островот се спрема сензационален трансфер во последната …