Дома Фудбал Италија Пјонтек: Како дете навивав за Арсенал, идол ми беше Анри

Пјонтек: Како дете навивав за Арсенал, идол ми беше Анри

0

Новата ѕвезда на Милан и Серија А, Криштоф Пјонтек призна дека како дете бил голем фан на Арсенал.

Пјонтек е најголема сензација оваа сезона во Серија А и после само шест месеци поминати во Џенова веднаш си обезбеди трансфер во италијанскиот гигант Милан.

„Росонерите“ за неговиот потпис искешираа 35 милиони евра, а Полјакот продолжи да ги тресе протвничките мрежи и моментално има 19 гола во Серија А, исто колку и Роналдо.

„Машината за голови“ призна дека негов идол од детството бил Тиери Анри и поради тоа бил голем фан на Арсенал.

„Јас бев голем навивач на Арсенал. Израснав гледајки го тој тим. Премногу ми се допаѓаше стилот кој го негува Арсен Венгер, им се восхитував на шампиони како Анри и Бергкамп“, откри напаѓачот.

23 годишниот полски напаѓач кој досега постигна шест погодоци на седум настапи за Милан во Серија А и му помогна на „росонерите“ да се искачат на третото место на табелата.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: Донарума го спаси Милан, сега „росонерите“ чекаат „помош“ од Јуве

Милан потешко од очекувањата го победи Фросиноне (2:0) и се врати на четвртата позиција на…