Дома Топ вести ПСЖ ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Атлетико

ПСЖ ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Атлетико

Богатиот француски клуб ПСЖ е подготвен да тргне во нова акција со која ќе го обезбеди потписот на најдобриот играч и стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

ПСЖ по заминувањето на Ибрахимовиќ има проблеми во нападот, тимот со новиот тренер Унаи Емери не игра според очекувањата, поради што раководството решило уште во јануарскиот преоден рок да ја активира откупната клаузула во договорот на Антоан Гризман, која изнесува 100 милиони евра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Спортскиот директор на ПСЖ, Патрик Клајверт, го означил Гризман како прва цел во јануарскиот преоден рок, откако пред неколку месеци францускиот шампион не успеа да ги заврши преговорите со Бразилецот Нејмар.

На ПСЖ му е потребен играч кој ќе го предводи нападот, а клубот оценил дека Гризман е полесна цел од Нејмар. Гризман кој беше најдобар играч и стрелец на Европското првенство, а пред неколку дена беше прогласен и за најдобар играч во шпанското првенство за минатата сезона, неодамна го продолжи договорот, доби поголема плата, но и поголема откупна клаузула.

Сепак 100 милиони кои треба да ги плати за Гризман се двојно помалку од она што ПСЖ би го платил за Нејмар.

Антоан Гризман, изминатите месеци, во своите изјави истакнуваше дека е среќен во Атлетико, дека ужива во работата со тренерот Диего Симеоне и дека не размислува да го напушти „Винсенте Калдерон“ се додека Аргентинецот го води тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…