Дома Фудбал ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Барселона односно Атлетико Мадрид.

Барселона одлично го отвори натпреварот и прва дојде во водство во 19-та минута. Послен соло пробив на Јамал, Рафиња погоди за 1:0.

Меѓутоа, во 29-та минута Арахо направи прекршок како последен играч во одбраната и доби директен црвен картон, а само десет минути подоцна Дембеле израмни на 1:1.

Во вториот дел ПСЖ целосно доминираше и најпрво Витиња погоди за водство, а потоа Мбапе со два гола стави точка на натпреварот за конечни 1:4.

Борусија Дортмунд славеше со 4:2 над Атлетико Мадрид и обезбеди полуфинале. Во првото полувреме домаќините водеа со 2:0, но тимот на Симеоне се врати во вториот дел и израмни на 2:2. Во последните дваесетина минути Дортмунд постигна два гола и ја анулира предноста на „јорганџиите“ од првиот меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…