Фудбалерите на ПСЖ синоќа на домашен терен го поразија Рен со 4:1 во натпревар од 22. коло во француската Лига 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако беше 22. коло, ова за ПСЖ беше 20 натпревар со оглед на тоа дека имаат два натпревари кои дополнително ќе ги одиграат, а со вчерашните четири, постигнаа дури 66 погодоци.
На тој начин го изедначија рекордот кој го постави Париз во сезона 1959/60.
ПСЖ има скор од 18 победи и две нерешени во досегашниот дел од сезоната и се убедливо први на табелата.
Во споменатите 66 погодоци најголем удел има Мбапе кој со 18 погодоци е најдобар стрелец во лигата, додека Кавани има 16, а Нејмар 13.