Дома Фудбал Останато ПСЖ демантира за платата на Меси: Тоа е чиста лага!

ПСЖ демантира за платата на Меси: Тоа е чиста лага!

Еминентниот француски весник „Екип“ вчера откри детали од договорот на Меси со Пари Сент Жермен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Екип“, Меси во Париз за три години ќе заработо 110 милиони евра, односно првата година 30 милиони, а останатите две по 40 милиони евра.

Во текстот се наведува и дека оваа сума не вклучува бонуси за освојување на Лига 1 и Лигата на шампионите.

Меѓутоа, ПСЖ денес веднаш се огласи и оваа информација ја окарактеризира како „чиста лага“.

„Меси има договор со нас на две, а не на три години. И се заедно е далеку од вистината. Ова е неприфатливо и претставува недостаток на почит кон нас како клуб и секој мора да го знае тоа. Има работи во договорот кои се доверливи, а објавените информации се голема лага!“, остро реагираше спортскиот директор, Ленардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алжир во пламен: Прослава на шампионскиот успех достигнува епски размери

Алжир е во пламен. Откако МЦ Алжир го обезбеди својот десетти наслов шампион на државата, …