Дома Фудбал Останато ПСЖ го затвори тренинг центарот поради коронавирус

ПСЖ го затвори тренинг центарот поради коронавирус

Францускиот шампион Пари Сент Жермен денес го затвори тренинг центарот поради коронавирусот.

Клубот потврди дека тренинг центарот ќе биде затворен до понеделник, откако после тестирања беа потврдени неколку позитивни случаи во женскиот тим.

Женскиот тим на ПСЖ не отпатува за Чешка, каде требаше да го одигра реваншот од Лигата на Шампионите против Спарта.

Нови тестови во клубот ќе има во петок, а до тогаш како мерка за претпазливост е затворен тренинг центарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инцидент во Англија: Навивач удри играч (Видео)

На натпреварот помеѓу Портсмут и Кардиф кој се играше вчера во рамките на 5. коло на Чемпи…