Дома Фудбал Италија Протест на „Сан Сиро“: Милан вечерва ќе има ама исто како да нема навивачи!

Протест на „Сан Сиро“: Милан вечерва ќе има ама исто како да нема навивачи!

Четири порази во првите седум кола, 11-то место на табелата, промена на тренерот – тоа е учинокот на Милан оваа сезона.

„Росонерите“ не играат ниту во Лигата на Европа поради финансискиот фер плеј и сето тоа ги лути навивачите.

Во поразот од Фиорентина (1:3) навивачите од јужна трибина извикуваа: Срамота, срамота! Ја навредуваа клупската управа во која се Паоло Малдини и Звонимир Бобан, а потоа и го напуштија стадионот.

Следуваше натпреварот со Џенова на тој истакнаа транспарент на кој пишувашез: Времето истече, демонстрирајте!

Ни репрезентативната пауза не ги смири навивачите кои вечерва против Лече на „Сан Сиро“ одново ќе протестираат.

Според „Газета“ навивачите на Милан ќе молчат во текот на целиот натпревар и со тоа ќе испратат јасна порака на управата и ќе го искажат своето незадоволство.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кај нас се најавува нов карантин, а на 80 километри се играат натпревари со публика!

Денес во местото Срудулица во Србија кое е само на 80 километри од Македонија се играше на…