Дома Фудбал Англија Промена на правилата во ПЛ: Како ќе го добиеме шампионот ако екипите имаат исто бодови?

Промена на правилата во ПЛ: Како ќе го добиеме шампионот ако екипите имаат исто бодови?

0

Претходната сезона Премиер лигата ни понуди неверојатна борба за титулата до последното коло помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул.

На крајот Граѓаните го одбранија трофејот со вкупно 98 освоени бода, додека Ливерпул заврши втор со еден бод помалку од Сити.

Претходната сезона се зборуваше за тоа дека после последното коло доколку Сити и Ливерпул имаат ист број на бодови има можност да играат на неутрален терен натпревар за шампион на Англија.

Но, ФА ова лето воведе неколку промени и сега е потребно чудо за да гледаме на крајот од сезоната натпревар за првак на Англија. Во претходните сезони за тоа беше потребно клубовите да имаат исто бодови, иста гол разлика и ист број на постигнати погодоци, но сега е уште покомплицирано.

Да се одигра натпревар за првак на Англија сега е потребно клубовите да имаат ист број на бодови, исти бодови во меѓусебниот дуел, иста гол разлика и број на постигнати погодоци и ист број на голови на гостинските натпревари. Дури ако тоа биде се изедначено тогаш се игра дополнителен натпревар за титула.

Исто така, тоа не е единствената промена за новата сезона во ПЛ. Имено, клубовите за прв пат ќе имаат зимска пауза во траење од две недели.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Елмас на дебито во Серија А ги покажа мајсториите

Елиф Елмас синоќа го имаше своето деби во Серија А и со својот Наполи оствари тешка победа…