Дома Фудбал Промена на вечната листа во Мадрид: Зидан го помина Мурињо

Промена на вечната листа во Мадрид: Зидан го помина Мурињо

Тренерот на Реал мадрид, Зинедин Зидан по победата против Осасуна минатиот викенд се запиша уште еднаш во историјата на „кралскиот клуб“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Зидан ова беше 88. триумф во Ла Лига како тренер на „кралевите“, па така се проби на третата позиција на вечната листа на клубот.

Така го прескокна Жозе Мурињо, кој за три години оствари 87 победи во шпанскиот шампионат, а пред него се само уште двајца тренери, меѓу кои и Мигел Муноз, кој има 257 триумфи.

Реал Мадрид во моментов е лидер во Ла Лига со три бодови повеќе од второпласираната Барселона, а Зидан досега со „кралевите“ освои една титула во шпанското првенство и три во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…