Дома Останати Кошарка Продолжува комедијата во грчката кошарка: Олимпијакос се поблиску до исфрлување во втора лига

Продолжува комедијата во грчката кошарка: Олимпијакос се поблиску до исфрлување во втора лига

0

Кошаркарите на Олимпијакос одбија да се појават на првиот натпревар од плејофот од грчката лига.

Олимпијакос и Панатинаикос требаа да играат во плејофот за шампион на Грција, односно во четвртфиналето, но тимот од Пиреа пред натпреварот даде ветување и не се појави на натпреварот.

Поради ова Олимпијакос ќе испадне во понизок ранг и се поблиску е да заигра во АБА лигата.

„Конфликтот помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос е важен на локално ниво, но ние за таа ситуација сме неутрални. Разочаран сум поради се и сметам дека сето ова што се случува е срам за грчката кошарка“, изјави првиот овек на Евролигата, Бартомеу.

„Верувавме до последен момент дека ќе се предомислат и ќе дојдат да играат вечерва“, изјави сопственикот на Панатинаикос Димитирис Јанакопулос.
Натпреварот требаше да се одигра денес, но јасно е дека од тоа нема да има ништо.

На играчите на Панатинаикос не им преостана ништо освен да се поделат меѓусебе и да си одиграат ревијален натпревар.

Реваншот требаше да се игра за три дена, меѓутоа пред нас е уште една комедија во грчката кошарка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обрадовиќ ќе биде нов селектор на Србија?

Српските медиуми пренесуваат изненадувачка вест и тврдат дека Саша Обрадовиќ ќе биде нов с…