Дома Останати Кошарка НБА Продолжува и продолжува: Дончиќ „експлодираше“ во финишот и го реши Портланд! (ВИДЕО)

Продолжува и продолжува: Дончиќ „експлодираше“ во финишот и го реши Портланд! (ВИДЕО)

0

Тимот на Далас минимално, но мора да се каже заслужено го победија Портланд со 102:101 во вчерашниот НБА натпревар.

Одново во редовите на Далас блескаше Словенецот Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 28 поени, девет скокови и шест асистенции. Она што е посебно е интересно е што скоро половина о поените Дончиќ ги постигна во послениот период од натпреварот.

Словенецот ги постигна клучните поени за победа на Далас при резултат 99:99.


Следете го Sportski.mk и на


Портланд имаше шанса за триумф меѓутоа нивниот најрасположен поединец на натпреварот Демиан Лилард го промоши шутот за победа на само две секуни до крајот. Во Портланд најефикасни беа Лилард со 30 и Нуркиќ со 18 поени.

Филаделфија покажа голема ефикасност против Лејкерси и славеше победа со резултат 143:120. Домаќините беа предводени од Џоел Ембид кој постигна 35 поени, запиша 14 скока и три асистенции. Кај Лејкерси најефикасни беа Кузма со 39 поени и Харис со 22. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени, девет асистенции и 10 скокови.

Останати резултати:

Сакраменто – Феникс 117:104

Атланта – Орландо 108:124

Голден Стејт – Мајами 120:118

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вардар од +5 на полувремето на крајот изгуби од Веспрем

Maкедонскиот ракометен шампион Вардар денес во натпревар со две лица запиша пораз од тимот…