Милан нема среќа ниту со резултатите, ниту со повредите во последните години.
Андреа Конти од доаѓањето од Атланта доживеа неколку поврди, баш како и Матија Калдара кој неодамна се приклучи на тимот и ќе конкурира за вечерашниот натпревар на Милан против Лече на Сан Сиро.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа за натпреварот против Лече нема да бие во конкуренција, Џакомо Боновентура кој го повреди мускулот, а дополнителните прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата.
Bonaventura out of the squad list for the Lecce game as a precaution due to a muscular problem in his left thigh https://t.co/sjYAl2JqMl pic.twitter.com/X7q33pcsQJ
— Meytar Zeevi (@RossoneriBlog) October 20, 2019
Играчот за врска постигна гол на отварањето на Серија А минатата сезона, а потоа се повреди поради што ја пропушти целата сезона. Се опоравуваше и во текот на летото започна да тренира.
Во Милано го очекуваа како засилување во средината на теренот, но новата повреда повторно ќе го одалечи од теренот.