Дома Фудбал Англија Прогнозите за повредата на Хари Кејн не се добри

Прогнозите за повредата на Хари Кејн не се добри

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн ризикува да ги пропушти следните седум меча поради повреда, пренесуваат англиските медиуми.

Според „Гардијан“ повредата на англискиот репрезентативец е сериозна и може да го извади од терените во следните месец дена. Кејн го напушти теренот со болки во глуждот после дербито со Манчестер Јунајтед.

За сега се уште нема официјално соопштение од лекарскиот тим на Тотенхем, но прогнозите не се добри.

Напаѓачот може да ги пропушти реваншот со Челзи во Купот, како и мечевите со Фулам, Кристал Палас, Ватфорд, Њукасл и Лестер, како и првиот меч со Борусија Дортмунд во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …