Дома Фудбал Репрезентации Проблем за Србија: Без Митровиќ во најважниот натпревар од квалификациите?

Проблем за Србија: Без Митровиќ во најважниот натпревар од квалификациите?

Според последните информации од српските медиуми, Александар Митровиќ нема да настапи на натпреварот против Бугарија во квалификациите за пласман на ЕП.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот против Бугарија е последен за Србија во квалификациите и тие не смеат загубат ако сакаат да не се најдат во проблеми, па затоа можеби е и најважен.

Евентуалното отсуство на Митровиќ секако би било проблем за селекторот Пикси. Митровиќ почувствувал болка на еден од тренинзите и ќе го пропушти следниот натпревар на Ал Хилал.

Исто така во натпреварот против Бугарија Србија ќе биде и без поддршка од домашната публика поради казната која ја доби од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

(Видео) Арсенал доби помош од судиите? „Ова мораше да биде црвен картон“

Фудбалерите на Арсенал се на чекор од освојување на првата титула шампион на Англија после…