Дома Фудбал Проблем за Симеоне, се повреди Суарез

Проблем за Симеоне, се повреди Суарез

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез порано го заврши денешниот тренинг поради повреда, пренесува „Марка“.

34-годишниот Уругваец за време на тренингот почуствувал болки во мускулот.

Поради тоа го прекинал трнингот и веднаш ќе му бидат направени детални лекарски прегледи за да се одреди степенот на повредата.

Оваа сезона Суарез на 32 меча постигна 19 гола и е прв стрелец за Атлетико, па повредата доаѓа во незгоден момент бидејќи „јорганџиите“ не се во добра форма во клучниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвува 80 милиони евра за враќање на Нико Паз?

Мадриѓаните планираат следното лето да ја активираат опцијата за враќање на аргентинскиот …