Дома Фудбал Проблем за Конте: Интер ослабен во полуфиналето?

Проблем за Конте: Интер ослабен во полуфиналето?

Интер вчера обезбеди место во полуфиналето, а во тој натпревар „нероаѕурите“ би можеле да бидат ослабени.

„Нероаѕурите“ го победија Леверкузен со 2:1 со головите на Барела и Ромелу Лукаку и така се изборија за полуфинале. Сепак победата на Интер не помина без лоши вести за нив.

Алексис Санчез влезе во игра во текот на второто полувреме и се здоби со повреда на мускулот на десната нога, па сега неговиот настап во полуфиналето е под знак прашалник.

Во полуфинаето Интер ќе игра против подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Шахтјор и Базел. Овој натпревар на програмата е од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дуран го реши Хибернијан, Селтик повторно избега на плус четири

Селтик со пресврт славеше на гостувањето кај Хибернијан и ја врати предноста од четири бод…