Тимо Вернер би можел да го пропушти Светското првенство во Катар поради повредата што ја заработи денес на натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германскиот репрезентативец почувствува болка во ногата во 17. минута од натпреварот. Во истиот момент сигналираше на клупата давајќи знак дека му е потребна интервенција. Две минути подоцна беше заменет и на негово место влезе Емил Форсберг.




Се уште не е позната тежината на повредата, ниту пак колку време играчот ќе биде надвор од терените, но оваа вест секако ја загрижува германската репрезентација.




До почетокот на Мундијалот остануваат неполни три недели, а се очекува Вернер да биде важен дел од германската репрезентација. Првиот натпревар Германија ќе го одигра на 23 ноември против Јапонија.



