Дома Фудбал Германија Проблем за Борусија: Останаа без Халанд!

Проблем за Борусија: Останаа без Халанд!

Борусија Дортмунд во недела ќе игра против Падерборн, а во овој натпревар „милионерите“ ќе бидат без Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Лусијан Фавре потврди дека Норвежанецот нема да биде во конкуренција за настап поради повредата која ја заработи во натпреварот против Баерн (0:1). Халанд во 72 минута го напушти теренот бидејќи во Борусија не сакаа да ризикуваат.

Но, тука не е крај на проблемите. Фавре соопшти и дека Махмуд Дахуд нема да игра до крајот на сезоната. Колку точно ќе паузира ќе се знае после деталните прегледи.

Дахуд поради проблемите со повредите сезонава во средниот стартуваше само на три натпревари. Играше добро, а Фавре има проблем затоа што Витсел и Чан само што се вратија од повреди.

Ќе потсетиме после поразот минатиот викенд Борусија зад Баерн во првенството заостанува седум бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Какава бомба од Мадрид: Реал испрати понуда од 100 милиони евра за ѕвездата на РБ Лајпциг

Мадридски Реал испратил понуда вредна 100 милиони евра до РБ Лајпциг за офанзивецот Јан Ди…