Дома Фудбал Проблем за Анчелоти: Реал без Мбапе во дербито со Атлетико?

Проблем за Анчелоти: Реал без Мбапе во дербито со Атлетико?

Килијан Мбапе вчера повторно постигна гол во дресот на Реал Мадрид и тоа беше четврти натпревар во низа на кој се запишува во листата на стрелци, но во овој дуел и заработил повреда.

Според последните информации од Шпанија, Мбапе се повредил и поради тоа побарал да биде заманет на десетина минути пред крајот на средбата.

На местото на Французинот во игра влезе Арда Ѓулер. Во текот на денешниот ден треба да бидат извршени дополнителни тестови по кои ќе биде познато од каков карактер е повредата и дали ќе биде спремен да настапи за викендот против Атлетико.

Дербито на „Ванда Метрополитано“ на програмата е в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…