Дома Фудбал Италија Проблеми во Јувентус: Недвед го критикувал Алегри, па влегол во расправија со Ањели?

Проблеми во Јувентус: Недвед го критикувал Алегри, па влегол во расправија со Ањели?

Италијанските медиуми пренесуваат дека поразот во Купот на Италија од Интер на Јувентус му донел расправија во соблекувалната помеѓу раководството.

Јувентус направи пресврт против Интер, но потоа прими гол од пенал за 2:2 и го изгуби натпреварот во продолженијата. Потпретседателот Павел Недвед ги нападнал фудбалерите поради односот на теренот и начинот на кој го играле натпреварот. Освен тоа ја критикувал и тактиката на Алегри.

Ваквото однесување на Недвед не му се допаднало на првиот човек на „старата дама“ Андреа Ањели, па наводно настанл конфликт помеѓу нив. „Газета дело Спорт“ додава и дека Недвед никогаш не бил голем фан на играта на Алегри и дека тој во клубот е вратен благодарение на Ањели.

Останува времето да покаже дали конфликтот бил сериозен и дали може да им последици и промени во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПМФЛ: Алексовски донесе бод за Македонија Ѓорче Петров, Струга за првпат сезонава не победи! 🎥

Актуелниот лидер на табелата Струга Трим Лум за првпат оваа сезона не успеа да слави побед…