Дома Фудбал Проблем во Барселона: Се повреди Меси!

Проблем во Барселона: Се повреди Меси!

На само десет дена пред продолжувањето на Ла Лига, екипата на Барселона се најде во проблем, а главната причина е Лионел Меси.

Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми, тој на последниот тренинг почувствувал силна болка во десната нога после што му биле направени разни прегледи.

После прегледите заклучено е дека Меси многу веројатно ќе го пропушти натпреварот против Мајорка. Засега најавите се дека би бил спремен за натпреварот по Мајорка, меѓутоа не може со сигурност да се каже.

Она што може да биде дополнителен проблем за Барселона е што Меси се повреди баш пред периодот кога ќе треба да одиграат 11 натпревари во пет недели, па напорот би можел да му прави проблем на Аргентинецот и да не се работи за сериозна повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…