Дома Фудбал Проблеми за Швајцарија: Вирус во репрезентацијата пред дербито со Србија!

Проблеми за Швајцарија: Вирус во репрезентацијата пред дербито со Србија!

Со проблеми се соочува селекцијата на Швајцарија пред дербито со Србија кое ќе го реши патникот во осминафиналето.

Според последните информации од медиумите голманот Јан Зомер и Нико Елведи се неизвесни за овој дуел поради вирус. Во швајцарската репрезентација стравуваат дека вирусот би можел да се прошири и кај останатите репрезентативци што би било навистина проблем.

Ако Зомер не може да настапи на голот на Швајцарија најверојатно ќе застана голманот на Борусија Дортмунд Грегор Кобел, а местото на Елведи би го преземал Фабијан Шер.

Повеќе информации и конечниот одговор дали двајцата би можеле да играат би требало да се во наредните часови бидејќи натпреварот се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хакери упаднале во ФИФА: украдени лични и деловни податоци

ФИФА потврди кибернапад, но не откри кои податоци се компромитирани. Хакерска група презед…