Дома Фудбал Проблеми за Симеоне пред дербито со Реал Мадрид

Проблеми за Симеоне пред дербито со Реал Мадрид

Најскапиот фудбалер на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс најверојатно ќе го пропушти големото дерби со Реал Мадрид кое на програмата е во сабота на „Сантиаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот Португалец се здоби со мускулна повреда на десната нога за време на мечот со Леганес, но и покрај повредата остана на теренот до крајот на мечот.

Проблемот е сериозен и вчера Жоао Феликс помина детални лекарски прегледи, кои потврдија дека на Пртугалецот ќе му биде потребна пауза од неколку дена, па најверојатно ќе го пропушти градското дерби.

На денешниот тренинг Симеоне работеле со Кореа, Мората, Витоло и Лемар во нападот, па најверојатно нема да смета на Португалецот во сабота.

Жоао Феликс пристигна ова лето од Бенфика за 126 милиони евра како најскапо засилување во историјата на клубот, но до сега не ги оправда големите очекувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо добива ново засилување: Челси договори Аргентинец за 40 милиони евра

Челси го договори доаѓањето на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко (21), објави Фабрицио…