Дома Останати Ракомет Проблеми за новото засилување на Вардар: Бил исфрлен од станот во кој живее

Проблеми за новото засилување на Вардар: Бил исфрлен од станот во кој живее

Новото засилување на Вардар, Анте Кудуз се соочува со проблеми во договорот со Динамо Букурешт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватот е еден од најдобрите ракометари на неговиот тим, а втор пат сезонава е исфрлен од станот во кој живее. Тоа се случува затоа што клубот не ги подмирил сметките на време.

„Поради неисполнување на обврските кон мене вторпат сезонава бев исфрлен од станот во кој живеам. Причината е што клубот не ја платил закупнината за која обврзан да ја плаќа со договорот. Првиот пат во август 2020 година мислев дека е недоразбирање, но кога сега се случи повторно знам дека не е случајно. На клубот веднаш им кажав дека сум исфрлен, но никој не реагираше“, се пожали хрватскиот ракометар.

Кудуз ќе потсетиме со Вардар потпиша договор на две години до летото 2023 година, а треба да пристигне по завршувањето на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Манасков го има голот на сезоната во ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во сезоната 2025/26…