Дома Фудбал Проблеми за Интер: Конте остана и без Санчез

Проблеми за Интер: Конте остана и без Санчез

Утре на програмата е големото миланско дерби, а тренерот на Интер ќе има кадровски проблеми при составување на тимот.

Како што е познато, пет фудбалери се позитивни на коронавирус и ќе го пропуштат дербито, а Конте нема да може да смета и на Алексис Санчез.

Санчез се повредил во текот на репрезентативната пауза и денес ќе се врати во Италија каде ќе му бидат направени додатни лекарски прегледи.

Иако Чилеанецот истакна дека се чувствува добро, сепак готово сигурно нема да игра утре против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер ја прекина гол-сушата, Македонија по поразот во Глазгов оди во бараж

Македонија загуби од Шкотска со 2-1 и остана без победа на 13 натпревари во низа. Голот на…