Дома Фудбал Проблеми за Баерн: Павар ја пропушта Лига на шампиони

Проблеми за Баерн: Павар ја пропушта Лига на шампиони

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенжамен Павар ќе паузира од четири до шест недели откако на тренинг ги оштетил лигаментите на левиот глужд, објави Л’Eкип.

Од Баерн потврдиле дека Павар се повредил, но не објавија колку долго ќе биде надвор од теренот.

Павар веројатно ќе го пропушти натпреварот од осминафиналето во ЛШ против Челси на 8. август, а потоа и завршниот турнир на ЛШ во Португалија. Баварците во првиот дуел во Лондон го победија Челси со 3:0 и се на чекор до пласман понатаму.

Доколку обезбедат четвртфинале, Баерн на 14. август во Лисабон ќе се сретне со победникот од дуелот Барселона – Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…